Двајца загинати и еден тешко повреден во вооружен напад во Скопје
Две лица се убиени а уште едно се бори за живот во престрелка која утрово, половина час по полноќ се случила на Рузвелтова во центарот на Скопје. Во сцена како извадена од акционен филм на лице место е убиен 44 годишниот Наим Ајети. 5 години постариот Антонио Парапунов од здобиените повреди починал во болница, а уште едно лице кое има само 19 години се бори за живот на Карил.
Кој и зошто пукал во Алтеата која што ја возел Наим се уште не се знае. Повеќе детали не открива ни полицијата. Велат тие ќе се знаат по завршувањето на истрагата која што ја води Обвинителството кое пак наложи, врз телата на убиените да биде извршена обдукција, а изрешетаниот автомобил да се вештачи.
Убиениот Наим е брат на Џељо Ајети кој имаше дебело кривично досие и важеше за влијателна фигура во скопското подземје се до пред 5 години кога на сличен начин, со автоматско оружје и многу куршуми беше убиен во неговата чајџилница во скопската населба Ченто.
Александар Спасовски – Сител Телевизија
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
