Македонија
24. July 2015 - 16:15
Двајца загинати, двајца тешко повредени во сообраќајка во тетовско
Две млади лица загинаа, а две се повредени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово село Пирок во близина на Долно Палчиште.
Во несреќата која се случила утрово околу 4 часот, автомобил БМВ управуван од 21-годишник излетал од патот и се превртел. На лице место починале двајца сопатници на возраст од 20 и 23 години.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил и уште еден 20-годишен сопатник и се пренесени во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош.
Од страна на јавен обвинител и екипи на СВР Тетово излезено е на местото на настанот, извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.
Данијела Петковска
-->
-->