Македонија
20. August 2018 - 9:53

Двајца возачи тешко повредени при судар на нивните возила кај Никуштак

Вчера во 20,10 часот, на регионален пат Куманово - Скопје кај село Никуштак се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Венто“ управувано од А.А.(30) од село Никуштак и патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Б.(21 ) од село Орланце, скопско. 

 По незгодата А.А и М.Б. со возило на брза помош се пренесени во Медицински центар Куманово, каде им се  констатирани тешки телесни повреди, по што А.А.  е задржан додека М.Б. е пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" во Скопје.

Извршен е увид на местото на настано