Балкан
23. August 2016 - 17:29

Двајца војници загинаа при експлозија на бомба во југоисточна Турција

Најмалку двајца војници загинаа при експлозија на бомба во градот Улудере, југоисточна Турција.

Според „Хуриет дели њуз“ борци на Курдската работничка партија (ПКК) активирале рачно изработена бомба кога поминувало воено возило.

Повеќе од десет лица минатата недела беа убиени во бомбашки напади на ПКК врз припадници на полицијата и армијата.