-->
-->
Дваjца велешани нападнале полицајци, завршија во станица
-->

Вчера во 05.45 часот во Велес на ул.„Б.Ѓорев“ кај ГТЦ пред пекарата, по претходно нарушен ЈРМ, А.М.(1988) од Велес ги омаловажувал полициските службеници кои биле на местото на настанот.
По ова физички нападнал полициски службеник, го потегнал за јакната, а потоа со рака го удрил во пределот на градите.
Потоа му се заканил дека ќе го извади пиштолот и ќе испука 10 куршуми во неговата глава. Од страна на полицискиот службеник бил одбиен нападот и со употреба на физичка сила захват- полуга на лева рака, А.М. бил соборен на земја, врзан со лисици и доведен во послушна состојба.
При интервенцијата, А.А.(1985) од Велес, кој бил во друштво со А.М., замавнал со нога кон полицискиот службеник за да го спречи да го врзе А.М. со лисици, но од страна на други полициски службеници истиот бил спречен.
Над него било употребено средство за присилба-полуга на двете раце и лисици за врзување. А.М. и А.А. се лишени од слобода и доведени во ПС ОН-Велес за понатамошна постапка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не реагирал додека бил министер за здравство
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
-

Неопходно е да се работи на проширување на сезоната
-

СДСМ: Мицкоски кривично да одговара за Гостивар
-

Нови пожари во Кавадаречко
