Двајца велешани искасани од оси, едниот починал

Во велешката болница вчера биле донесени две лица искасани од оси, едниот на околу 60 годишна возраст, другиот 30 годишен маж. Повозрасниот маж вечерта починал, додека 30 годишното лице по дадената лекарска помош и соодветна терапија во велешката Општа болница, бил испратен дома.
Во велешката населба Речани вчера, 60 годишниот маж, сега веќе починат, целиот искасан од оси во состојба на кома со Брза помош бил однесен итно во велешката Општа болница. Како што вчера информира за МИА, д-р Милка Панова од Брза помош од Велес, тие биле повикани во 11,05 часот, кога стигнале, лицето било во кома и без знаци на живот со повеќе убоди од оси на рацето, лицето и по целото тело.
– Веднаш го реанимиравме и му дадовме соодветна терапија, бидејќи беше очигледно дека лицето е аларгично на оси и итно со нашето возило на Брза помош, а во состојба на кома го однесовме во велешката болница, информира д-р Панова.
Како што информира денеска за МИА д-р Јелана Левкова Ќамилова, портпарол на ЈЗУ Општа болница, тие вчера не знаеле дека истовремено биле донесени двајца пациенти искасани од оси.
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
