Двајца убиени и тројца ранети во престрелка во Малме
Две лица загинаа, а три други се ранети при престрелка што се случи синоќа во третиот по големина град во Шведска, Малме, соопшти шведската полиција, нагласувајќи дека не станува збор за тероризам.
При престрелката биле ранети пет лица, од кои едно, на возраст од 18 години, набрзо в болница им подлегнало на повредите. Утрово на здобиените повреди при престрелката им подлегнал и уште еден 29-годишен маж.
Според весникот „Афтонбладет“, во престрелката учествувале неколку лица кои непосредно пред инцидентот излегле од едно интернет кафуле во центарот на Малме.
На местото на престрелката полицајците пронашле 18 чаури.
Најголемиот број од учесниците во престрелката и претходно и биле познати на полицијата како сторители на кривични дела.
Мотивите за престрелката засега не се познати, а полициската истрага е во тек
Ново на Сител
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес