-->
-->
Двајца тешко повредени во страотна сообраќајна несреќа на патот Македонска Каменица - Делчево
-->
Ноќеска вo 00.05 часот на магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево дошло до судир помеѓу патничко возило „Застава 125“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.П. (39) од Делчево, и патничко возило „Шкода“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од А.Л. (25) од Македонска Каменица.
Од судирот со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Застава 125“ и сопатникот И.Н.(40) од Делчево.
Тие биле препратени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Возачот на возилото „Шкода“ и сопатникот Ѓ.С. (25) од Македонска Каменица се здобиле со телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Делчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом