Македонија
16. April 2018 - 14:43

Двајца скопјани нападнати на Кеј

Вчера П.Ќ. (49) од Скопје пријавила дека истиот ден во 16.10 часот на ул. „Кеј 13-ти Ноември“ во Скопје нејзиниот 16 годишен син бил физички нападнат од непознат сторител.

Тој го удрил со рака во пределот на лицето нанесувајќи му видливи повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот. 

Истиот ден Д.Б. (31) од Скопје пријавил дека истиот ден во 17.40 часот на улица „Кеј 13ти Ноември“ бил физички нападнат од непознат сторител, кој го удрил со рака во пределот на телото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.