Македонија
27. December 2018 - 11:46

Двајца скопјани каснати од кучиња - скитници

Во текот на вчерашниот ден, двајца скопјани пријавиле дека биле каснати од кучиња скитници.
 
Околку 11 часот во Полициската станица Центар, А.П. (60) од Скопје, пријавил дека завчера околу 11.30 часот додека возел велосипед на Кеј „13-ти Ноември“ бил каснат од куче – скитник за десната нога.
 
Исто така вчера во Полициската станица Центар, Р.З. (55) од Скопје пријавил дека завчера околу пладне на плоштад Македонија бил каснат од куче-скитник во пределот на десната надколеница.