Македонија
24. December 2018 - 11:05

Двајца скопјани искасани од кучиња скитници во Центар

Вчера во 12,20 часот во Полициската станица Центар Г.С.(67) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 09,30 часот во градскиот парк, бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Истиот ден во 15,00 часот во Полициската станица Центар Ј.Ѓ.(55) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 09,30 часот на улица “11-ти Октомври“ била касната од куче скитник.