Двајца припадници на Армијата позитивни на коронавирусот
![]()
Подофицер и војник во Армијата на Република Македонија се позитивни на коронавирусот Ковид-19, соопшти денеска Генералштабот на Армијата. Двајцата извршувале работни задачи во гарнизонот Скопје, од кои едниот припадник извршувал работни задачи во воениот ресторан во касарната Илинден како помошен персонал.
-Веднаш по сознанието за случајот на војничкиот ресторан извршена е целосна дезинфекција на истиот и преземени се сите потребни заштитно здравствено епидемиолошки мерки, а ресторанот ќе биде затворен наредните 24 часа при што на персоналот ќе му биде делен сув оброк. На целокупниот персонал за кој се претпоставува дека бил во контакт со лицето му е одредена изолација, и истиот од утре ќе биде сменет со комплетно нов персонал, информираат од Армијата.
Двајцата припадници кај кои е откриен позитивен наод, веќе претходните неколку денови биле превентивно во самоизолација откако членови на нивните семејства се посомневале во симптомите на можно постоење на Ковид 19. Двајцата припадници не биле во странство.
Армијата во изминатиот период целосно ги пoчитува препораките од Министерството за здравство при што одреден број припадници превентивно се повлечени во самоизолација и при самото сомневање.
Ново на Сител
-

Приведени шест малолетници од Скопје, со употреба на остар предмет од малолетник одзеле пари
-

25-годишник пијан предизвикал пожар во своето село, измерени му се 2,36 промили алкохол во крвта
-

За само шест месеци откриени над 6.300 AI-слики со сексуална злоупотреба на деца
-

Чекањето заврши: Пристигна новата реалност во Тиго со намалени трошоци
-

И покрај повисоките цени, „Октоберфест“ годинава заврши со рекорден број посетители
-

Истражување: Колку ПХЕВ ја загадуваат животната средина?
-

Принцот Ендрју со претставка до полицијата поради неговото апсење во врска со Епстин
-

Шпанија оди на предвремени избори, премиерот Санчез ги распиша за 29 ноември
