-->
-->
Двајца повредени восообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола
-->

Двe лица се полесно повредени во сообраќајната несреќа што се случила денеска околу 13 часот на патот Прилеп-Битола во близина на Прилеп. Повредените се префрлени на лекување во прилепската градска болница.
Според Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола несреќата се случила околу 13 часот.
- Од засега непознати причини патничкото возило марка „Хјундаи акцент“ со прилепски регистерски таблички со тројца патници се превртило на патниот правец Прилеп - Битола на излезот од Прилеп. Двајца од тројцата патници се здобиле со полесни телесни повреди, а жената-возач не е повредена. Повредените се префрлени на лекување во прилепската градска болница, вели Стаматова.
Увид на местото на несреќата направи прилепската полиција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Разбиена криминална организација во Грција за нелегално производство и трговија со тутунски производи
-

СВР Куманово: Приведени четири лица, нападнале вработен во фудбалски клуб
-

Заменик министерот Исени и францускиот амбасадор Де Риголер на отворањето обука за борба против подведување и трговија со луѓе
-

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на својата мајка
-

Цртеж на Микеланџело од пред 500 години, продаден за 27,2 милиони долари
-

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари
-

Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Пронајдени четири мигранти на автопатот „Пријателство“, приведен кумановец што ги превезувал
