-->
-->
Двајца повредени во сообраќајка во Велес
-->
Вчера во 13,00 часот било пријавено дека на улицата „Ристо Попов“ во населбата Превалец се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фиат Пунто“ со велешки регистарски таблици управувано од С.Д.(53) од Велес и патничко моторно возило „Киа Рио“ со велешки регистарски таблици управувано од Н.С.(62) од Велес.
Во незгодата со повреди се здобиле возачот на возилото „Фиат Пунто“ и сопатникот Б.Д.(57) кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Јавната здравствена установа Општа болница - Велес и биле задржани на понатамошно лекување.
Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши до средината на јуни
-
ДУИ и ВРЕДИ со реакции по одлуката на Уставен за Медресата во Кондово
-
СДСМ не исклучува разговори и со Таравари за локални
-
Преглед на вестите од светот
-
ССМ на првомајски протест
-
Традиционален првомајски пикник
-
Oхрид за првомајските празници исполнет со гости
-
Преглед на вестите од светот