-->
-->
Двајца повредени во инцидент во кумановско Лопате
-->

Две лица се повредени во инцидентот што се случи синоќа на локалниот пат Куманово-Лопате во близина на железничкиот премин во Лопате. До инцидентот дошло по претходна расправија помеѓу две групи.
Според полицијата, три лица од кои двајца браќа, превезувајќи се со „фолксфаген бенто“ со кумановски регистарски таблички му го пресекле патот на автомобил „фолксфаген шаран“ со австриски национални ознаки, во кој исто така имало три лица од кои двајца браќа близнаци. Во „бентото“ се превезувале 33 годишниот Ф.А, 30 годишниот Ф.А и уште едно непознато лице. Ф.А излегол од „бентото“ и со рачка од пиштол, почнал да удира во страничното стакло на возачката врата на „шаранот'. Возачот на „шаранот„ В.З (1997) го стартувал возилото и тргнал наназад,у дрил во заштитната ограда, по што се слушнале неколку истрели од оружје. Патниците од „шаранот„“ возачот В.З, неговиот брат близнак Ф.З и лицето Р.А (1995) излегле и сакале да побегнат. Р.А бил удрен со цврст предмет по главата, по што паднал. Браќата близнаци биле физички нападнати и успеале да избегаат.Ф.З и Р.А се здобиле со телесни повреди и им била укажана помош во Кумановската болница.
Полицијата трага по трите лица од „бентото“, извршен е увид по овластување на основен јавен обвинител, земени се материјали за вештачење и се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Краделе мебел, бела техника и радијатори кај браната Конско - приведени две лица
-

Зеленски повторно бара членство во НАТО, според него тоа е гаранција за безбедност
-

Уапсен возачот кој возеше во спротивен правец на „Партизанска“ | ВИДЕО
-

Ѓорѓиевски: Уреден просторот кај жичарницата на Водно, обновени клупите и летниковците | ФОТО
-

Приведени девет возачи, петмина управувале возило без положен возачки испит
-

Безживотно тело на 38-годишен маж со прострелна рана пронајдено кај Смилковци
-

Мицкоски: Даваме сè од себе да реализираме проект повеќе и да создадеме подобри услови за живот на граѓаните
-

Франција стравува од ескалација на протестите, 70.000 полицајци и жандарми распоредени на улиците
