Двајца повредени во експлозија во Бања Лука
Две лица беа повредени во серијатата експлозии во Бања Лука во Република Српска.
Експлозиите се случија во 10:30 часот кога експлодирал автомобил „Мерцедес“.
Според неофицијални информации, изгорени се три автомобили. Повреден е човек кој, за време на експлозијата, се обидувал да го извади автомобилот од паркингот, како и лице што седело во блиското кафуле.
Постојат сознанија дека експлозивната направа била ставена под автомобил на професор по физичко образование, против учениците го обвинуваат за педофилија.
Скршени се сите прозорци на првиот кат на блиската зграда. Пожарот е изгаснат, а на местото на настанот присутни се пожарникари и Брзата помош, како и министерот за внатрешни работи, Драган Лукаќ, и полицискиот директор на Република Српска, Дарко Чулум.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација