Двајца поранешни претседатели на Мексико го споредија Трамп со Хитлер
Фаворитот за освојување на номинацијата за кандидат за претседател на Републиканската партија, Доналд Трамп користи расистичка политичка реторика и потсетува на Адолф Хитлер, изјави синоќа поранешниот мексикански претседател Фелипе Калдерон на јавен настан во главниот град на Мексико.
- Логиката на величање на супериорноста на белата раса не е само антимиграциска. Тој дејствува и говори против мигрантите дека имаат кожа со различна боја од неговата. Тоа е отворено расистичко изразување и тој ги злоупотребува чувствата, како што тоа порано го правел Хитлер, изјави Калдерон, кој беше претседател на Мексико од 2006 до 2012 година.
Поранешниот претседател Винсенте Фокс исто така го спореди Трамп со нацистички лидер.
Во интервју за американскиот ТВ канал Си-Ен-Ен, Фокс изјави дека Трамп многу му наликува на Хитлер.
Ново на Сител
-
Индија го нападна Пакистан
-
Одбележување на Денот на македонската полиција
-
ФФМ за скандалот во Гевгелија: Овој срам нема да остане неказнет
-
Мерц побара од администрацијата на Трамп да се држи понастрана од германската политика
-
Делови од Центар, Кисела Вода и Карпош денеска без струја
-
Денеска почнува конклавата за избор на нов папа
-
Европратениците претпладнево ќе гласаат за извештајот за Србија
-
Облачно со пороен локален дожд и грмежи