Двајца поддржувачи на Ердоган во САД добија затворска казна за учество во немири
Американски суд им досуди по една година затвор на двајца приврзаници на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за учество во нереди пред резиденцијата на турскиот амбасадор во Вашингтон во мај минатата година.
Синан Нарин и Ејуп Јилдирим, кои имаат турско и американско државјанство, беа осудени на по 12 месеци затвор за напад врз учесници на мирните демонстрации на 16 мај 2017 година.
Во декември минатата година, двајцата ја признаа вината. Тие беа уапсени шест месеци претходно.
На 16 мај минатата година пред резиденцијата на турскиот амбасадор во САД, каде што во тоа време беше Ердоган, се случија жестоки судири меѓу приврзаниците и противниците на властите во Анкара. Во судирите имаше повредени девет лица, од кои две потешко. Полицијата соопшти дека видео снимка покажала како телохранителите и неколку под држувачи на Ердоган нападнале мала група демонстранти.
Американските власти покренаа обвиненија против 19 лица, меѓу кои и 15 телохранители на Ердоган. Во февруари, американските обвинители ги повлекоа обвиненијата против 11 од 15-мина телохранители на Ердоган.
Ново на Сител
-
Му се заканиле со нож, му одзеле 3000 денари, па го удриле неколку пати и избегале
-
Добротворна акција во КСОМ за помош на ранливите групи
-
Осум осомничени за престрелката во Чаир, полицијата се уште трага по три лица
-
Анчелоти ќе го финализира договорот доколку Реал Мадрид ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите
-
27-годишен излета со мотоцикл на патот кон Табановце, тешко е повреден
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“