Двајца обвинети за разбојништво врз мигранти

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против две лица од вкупно петмина за кои имаше донесено наредба за спроведување истражна постапка поради сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело разбојништво.
Двајцата обвинети кои се опфатени со обвинението на 28 – ми јуни во село Трубарево, се појаснува во денешното соопштение од ЈО, во непосредна близина на една бензинска станица, нападнале двајца мигранти од Пакистан.
– Тие ги забележале мигрантите и им понудиле да ги превезат до граничниот премин Табановце за 200 евра. Откако оштетените се согласиле со сумата, ги намамиле и ги однеле во затемнетиот дел на една од блиските ниви, со употреба на физичка сила ги совладале и им одзеле пари и други подвижни предмети во вкупна вредност од 75.000 денари, се појаснува во соопштението.
Заедно со поднесувањето на обвинението, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор за двајцата обвинети.
За тројцата кои беа осомничени и опфатени со наредбата за спроведување истражна постапка, обвинителството по завршување на истражната постапка утврдило дека нема докази за сторено кривично дело, па затоа е донесена маредба за запирање на истражна постапка.
Ново на Сител
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
