Македонија
2. February 2020 - 14:56

Двајца млади струмичани загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Италија

Двајца струмичани загинаа во сообраќајна несреќа што се случила денеска во раните утрински часови во Пјаченца, Италија.

Според италијанскиот медиум Ilpiacenza.it ,станува збор за братучеди, 25 годишната Марија Витанова и 26 годишниот Методи Витанов, кои биле во автомобил рено клио. Автомобилот удрил во дрво и веднаш се запалил, па кога пристигнало спасувањето веќе било доцна.

Медиумот наведува дека станува збор за кобно место. На оваа обиколница за десет денов имало три сообраќајни несреќи со жртви.