-->
-->
Двајца македонски лекари во домашна изолација по враќање од Мадрид
-->

Двајца македонски лекари кои во саботата се вратени во земјата од конференција во Мадрид ќе бидат во домашна изолација откако кај еден од предавачите заболел од корона вирус.
Министерството за здравство оваа информација ја добило од СЗО и разговарале со нашите лекари кои кажале дека немале близок контакт со заболениот ниту пак со некој кој имал респираторни симптоми. Но како превентивна мерка, здравствените власти им направиле тестови и резултатите ќе бидат познати попладнево.
Филипче вели дека од изјавите на лекарите, во текот на вчерашниот ден имале контакти само со фамилијата. Но без разлика на резултатите, ќе бидат под здравствен надзор.
Според информациите на здравствените власти, нема нови сомнителни случаи, а заболената жена е во добра состојба и во фаза на опоравување.
Сања Димитровска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
