Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија

Министерството за внатрешни работи на Албанија прогласи за „нон грата“ двајца државјани на Македонија, поради сомневања за активности насочени против интересите на албанската држава.
Според информации на „Топ Ченел“, станува збор за Валон Беља и Бекир Халими, двајцата државјани на Македонија.
Одлуката, според изворите, била донесена по предлог на единицата за борба против тероризмот при албанската полиција, а потоа била потврдена од Министерството за внатрешни работи.
Халими беше член на терористичката ОНА и е вахабистички теолог, а Бела е пак поранешен функционер на ДУИ и поранешен економски директор на Клиниката за гинекологија и акушерство.
За двајцата постојат податоци за активности кои, според албанските власти, се оценети како штетни за државата и нејзината безбедност.
Ова не е прв ваков случај во последните недели. Претходно, албанското Министерство за внатрешни работи ја прогласи за „нон грата“ и Икбале Худути, на која ѝ беше забранет влез во Албанија во период од 15 години.
Ново на Сител
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
-

Во Босилово одржан 68-миот државен натпревар за трактористи
-

Преглед на вестите од светот
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
