-->
-->
Двајца кошаркари позитивни на Ковид-19 во НБА
-->

Само двајца кошаркари во НБА биле позитивни на тестирањата за коронавирус, извршени во периодот од 16. до 24. декември, соопшти денеска раководството на Лигата.
НБА објави дека вкупно биле тестирани 558 кошаркари, а идентитетот на двајцата заразени играчи не е соопштен.
Лигата воведе редовно тестирање како клучна мерка за ограничување на ширење на вирусот во новата сезона, во која екипите ги играат натпреварите во своите сали.
Во текот на подготвителниот период, во рок од една недела, на девет денови пред стартот на новата сезона, позитивни на Ковид-19 беа дури 48 кошаркари од вкупно 548 тестирања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Односите меѓу Кина и Русија во нова фаза на побрз развој; Путин: Нашето партнерство е за пример
-

Устен демарш за амбасадорот на Албанија во Македонија
-

ЕУ одобри 65,7 милиони евра од планот за раст на Македонија
-

Уставни измени и реформи за забрзување на патот кон ЕУ
-

ОЈО ГОКК води предистрага за можна шпионажа во кабинетот на Претседателката Сиљановска Давкова
-

Кругови со оган, факели, прскалки и пиротехника низ годините се користеле во „Пулс“
