Двајца израелски тинејџери осудени за убиство на млад Палестинец
Двајца 17-годишни Израелци се прогласени виновни за убиство на 16-годишниот Палестинец, Мохамед Абу Караир.
Младиот Палестинец беше грабнат, а потоа запален и оставен да изгори. Абу Караир беше убиен во јули минатата година, во парк во Западен Ерусалим, како одмазда за убиството на тројца израелски тинејџери, кои еден месец пред тоа, беа грабнати, а потоа брутално убиени во Западниот Брег.
Пресудата за третообвинетиот во процесот за убиството на Абу Караир, 31-годишниот Јосеф Хаим Бен Давид, кој е обвинет дека го смислил и организирал убиството, е одложена, затоа што во последен момент одбраната побара дополнителни тестови за неговото ментално здравје.
Родителите на младиот Палестинец изјавија дека станува збор за обид да се спаси главниот виновник.
Изрекувањето на казните за двајцата осудени Израелци е предвидено за средината на јануари.
Тројцата Израелци беа убиени од милитантни екстремисти, поврзани со исламистичката организација Хамас која го држи под своја контрола Појасот Газа.
Безбедносните сили на Израел организираа голема потера за да ги уапсат, но двајца од нив беа убиени во вооружена пресметка со полицијата, а третиот беше уапсен и осуден на три доживотни казни затвор.
Двете убиства беа дел од ескалацијата на насилството, кое кулминираше со воените судири меѓу Израел и милитантните сили на Хамас.
Ново на Сител
-
Скопје од вечерва без вода - Колку часа ќе трае санацијата на дефектот
-
Протест на независниот синдикат на ЈП Улици и патишта
-
Новата членка на Судски совет, Данка Ристова вели дека ќе работи без политички притисоци
-
Дурмиши и Ристески низ скопските маркети прават увид како се применува мерката новогодишна кошничка
-
Осцилациите негативно влијаат врз езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Што ќе донесат последните посети на Мицкоски во Брисел?
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ