Двајца гостиварци се нафатирале со разни измами: поголеми пензии, помали сметки...
СВР Тетово, Полициска станица Гостивар расветли шест измами, а на двајца гостиварци Ј.М. (42) и Ж.Т. (53) им е поднесена кривична пријава за измами, кои ги извршиле лани и една во 2009 година.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифосвски информира дека осомничените со измислени приказни и изговори успеале во шест случаи, противправно да остварат корист од 330.910 денари. Нивни жртви биле лица од Гостивар, Прилеп, Градец, Неготино-Полошко и Здуње.
- На шест оштетени лица, вешто и мошне досетливо, осомничените им барале и добивале парични средства. Тие им ветувале различни видови услуги: помали сметки за електрична енергија, поголеми пензии, позајмици за лекување болна жена и снаа, наоѓање на брачна партнерка, денарски средства за штета од сообраќајна несреќа со учесник-странец, па и помош за отворање фабрика. На еден прилепчанец во 2009 година му зеле и пари за лекување на снаа, изјави Јосифоски.
Според пријавата, оштетените, најчесто повозрасни лица, во сите случаи им поверувале и им ги дале бараните износи. На некои од нив, за да бидат поуверливи, осомничените им оставиле наводно вредни часовници, како гаранција дека ќе се вратат.
Ново на Сител
-
На ГАК нова надеж за жените со стресна инконтиненција
-
МНР: Софија се обидува одговорноста за неисполнетите меѓународни обврски да ја префрли на Скопје
-
АФП: Растат тензиите во Србија пред саботниот протест
-
Ушаков: Предложениот прекин на огнот не е ништо друго освен привремен одмор за украинската војска
-
Полската влада го критикува претседателот Дуда дека бара нуклеарно оружје преку медиумите
-
Претреси на подрачје на СВР Струмица, пронајдена дрога, приведени дилери
-
АХВ: Ветеринари и полицајци биле спречени од сопственици на говеда да извршат контроли врз добитокот | ФОТО
-
Распишана потерница по 43 годишен кумановец, при претрес во домот била пронајдена дрога