Свет
29. October 2016 - 8:57

Дваесетина повредени при пожар во авион во Чикаго

Околу 20 лица се полесно повредени синоќа при евакуација на патниците од авион на компанијата „Американ Ерлајнс“, што се запали на меѓународниот аеродром „О’Хер“ во Чикаго, јави ДПА. 

Американската Федерална воздухопловна управа соопшти дека инцидентот се случил кога при полетувањето на авионот од Чикаго кон Мајами, му пукнала гума, по што дошло до дефект на еден од моторите, кој се запалил.

Во време на избувнувањето на пожарот во авионот од типот „Боинг 767“ се наоѓале 161 патник и девет членови на екипажот, кои веднаш биле евакуирани.