Дваесет и втори Конгрес на СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска го одржува дваесет и вториот Конгрес.
Претседателот на партијата Зоран Заев, на отворањето порача дека сега се отвора можност за обнова на општеството и дека со сета сила ќе се бори против поделбите кои што го ослабнаа општеството.
- Ова не е крај, ова е нашиот почеток. Имаме можност да изградиме едно и единствено, заедничко општество за сите нас. Партијата доби поддршка од граѓаните. Граѓаните одлучија на избори да градат партнерство со една партија, базирано на принципи, одговорност, демократија. Така победивме и за тоа сме им должни на граѓаните. Посветено ќе работиме и ќе се потрудам да ја оправдаме вашата доверба и овозможиме еднакви шанси за сите во владата и во општеството, изјави Заев.
Посочи дека имаме големи предизвици како држава и како граѓани и дека само неполитизирано општество води кон економски развој.
- Ќе работиме на создавање, а не на рушење. Тоа се нашите стратешки определби: демократија, отвореност, слобода, просперитет, еднакви можности. Наши партнери се Европската унија и НАТО и наша цел е да ги обезбедиме евро-атлантските перспективи, изјави Заев.
По него во отворениот дел од конгресот се обратија претставници на сестринските европски партии.
Во затворен дел ќе следи избор на претседател, заменик претседател, членови на централниот и на надзорниот одбор.
На Конгресот присуствуваат поранешниот претседател Бранко Црвенковски, гости од Европскиот парламент и гости од сестрински партии од соседните држави.
Ново на Сител
-

Почна судењето на штипскиот угостител Зарков, кој е обвинет за убиство на неговата мајка
-

АХВ го затвори пансионот „Ав Aв Хепи Дог“
-

Изменет режим на јавниот превоз и работното време на ЈСП за новогодишните празници
-

Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5
-

Засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти: Издадени 96 прекршочни платни налози во износ од 2.823.870,00 денари
-

Индустриското производство до ноември поголемо за 1.9 % во однос на минатата година
-

ДКСК следната година ќе ја следи имотната состојба на 60 функционери
-

Потпишан Договорот за заем со ЕБОР вреден 20,9 милиони евра - ќе се набавуваат електрични локомотиви за ЖРСМ Транспорт
