Македонија
26. July 2021 - 12:07

Дваесет и пет години затвор за „Организаторите на 27 април“

Кривичниот суд Скопје, ги прогласи за виновни обвинетите во случајот „Организатори на 27 април” и ги осуди на вкупно години 25 години затвор.

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Велјановски, е осуден на шест години и шест месеци, а поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, исто така обвинет во овој случај е осуден на шест години и три месеци. На шест години и три месеци затвор, пак, е осуден поранешниот министер за наука и образование Спиро Ристоски.

За виновен е прогласен и Владимир Атанасов, поранешен директор на УБК, и е осуден на шест години затвор.

Судската постапка за случајот „Организатори на 27 април” траеше една година и шест месеци.

Судијата Илија Трпков, при изрекување на пресудата истакна дека државата не се брани со тепање пратеници, односно според него државата не се брани и не се гради со насилство.

Обвинителството предложи изрекување мерка притвор за обвинетите.