Дваесет и четврти марш на иницијативата „За заедничка Македонија“ во Скопје

И вечерва граѓани на Скопје масовно ја поддржаа иницијативата „За заедничка Македонија“. Со протестен марш од Владата до Собранието, повторно ја испратија пораката за зачувување на унитарноста и суверенитетот на државата.
Богдан Илиевски од „За заедничка Македонија“ го охрабри претседателот Ѓорге Иванов да не потклекнува на никакви притисоци и порача дека ниту еден дипломат, комесар или каков било претставник не може да дојде на половина ден и да наметнува свој интерес и своја агенда.
- Помина времето кога македонските граѓани се тресеа и се поклонуваа пред разно-разни западни емисари со сомнителни намери. Помина времето на понизно слушање диктати кои што секогаш завршувале со штета на Македонецот и на македонската држава. Помина времето бидејќи овој момент е историски, изјави Илиевски.
Јовица Тасевски порача дека овој народ е темелот на суверена независна и унитарна Македонија.
- Јавно ги прашуваме лидерите на неколкуте политички партии дали во Македонија нашите Албанци имаат целосно образование од основно преку средното па се до високото образование, дали имаат медиуми, дали имаат културни музеи, дали сите права им се загарантирани? Револтирани од ова ние се сплотивме против дискриминација на Македонците, изјави Тасевски.
Ристе Велков, првенец при МОБ, рече дека туѓата платформа го разбуди гласот кај Македонецот.
- Македонија имала, се уште има и ќе има синови и ќерки кои ќе ја сакаат и ќе ја чуваат. Македонија има горди и лојални граѓани кои знаат што значи зборот татковина. Затоа, мои горди Македонци, нема да дозволиме да бидеме врба без корен, изјави Велков.
На протестниот марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Скопје се приклучи и група млади граѓани, кои со пораки „Од младите со срце за Македонија“, „Нема да ви помине“ и „И шмизлите се за Македонија“ покажаа дека се спротивставуваат на Тиранската платформа, и дека не сакаат да се менува уставниот карактер на Македонија.
Ново на Сител
-

Славески: Подготвени сме да одговориме на ризиците и да ја зачуваме финансиската стабилност
-

Мицкоски: Никогаш нема да поддржам повеќејазичност во правосудството
-

Унгарската „Електробус - Икарус" и австриската ЕВН ги исполниле условите за набавка на автобуси и полначи
-

Масар Омерагиќ на Конгрес на FIFA во Ванкувер
-

Спремни за спектакл: Македонските кикбоксери јуришаат на „ВАКО Европскиот куп Вараждин Опен 26“
-

Полицаец од Битола возел со 1,51 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка
-

Димитровски: Бугарите ќе станат дел од Уставот во оној момент кога од другата страна ќе видиме подадена рака по неколку основи
-

ЈСП Скопје: Претстојниов продолжен викенд автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред
