Македонија
5. јуни 2016 - 16:36

Дваесет годишна девојка загина, тројца се повредени

20 годишна девојка почина во болница по здобиените повреди во тешката сообраќајка  вчера еден час пред полноќ на патот од Тетово кон Требош во близина на тамошникот надвозник откако автомобил излетал од коловозната лента. 

Возилото кое го  управувавал 33 годишник од Требош, излетало од патот, се превртело и удрило во блиските дрвја. Возачот и тројцата сопатници петнаесет годишно момче и две девојки на 20 и 23 години, сите од Мала Речица добиле тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во тетовската болница како итни случаи биле однесени на скопските клиники.

Поради тешките повреди околу еден часот по полноќ дваесетгодишната сопатничка Едона А.починала, а останатите се во сериозна здравствена состојба. 

По увидот на полицијата и обвинителството, возилото е подигнатото од местото за вештачење, по што ќе почне анализа за откривање на причините за сообраќајката.