Спорт плус
30. July 2022 - 19:54

Два златни медали за Македонија на Универзијадата во Полска

Давид Петков го освои златниот медал на Европските универзитетски игри во Лоџ, Полска, откако во финалето го соволада Гарбиел Паула Матијас од Португалија со 4-1.
Ова е првиот златен медал за Македонија на Европските универзитетски игри и според информациите финалето минало во целосна доминација на Македонецот.  Ангела Мојсовска се закити со бронза.

Златен медал освои и машката универзитетска репрезентација на Македонија во екипна конкуренција. 

Во Финалната борба нашиот тим беше поуспешен од Украина и ја совлада со резултат 3-1.Успехот го постигнаа со четири победи следните репрезентативци: 

Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Глигор Петков и Димитар Илиевски.