-->
-->
Два возачи со битолски регистарски ознаки тешко повредени во сообраќајка
-->
На 07.10.2023 во 19.25 часот на регионалниот пат Р-1311 Битола-Маково, во близина на с.Новаци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.П.(47) од с.Добрушево- општина Могила, и патничко моторно возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ж.Т.(51) од с. Долно Оризари, битолско.
Од страна на лекар во Клиничката болница Битола, на сопатниците во возилото „опел корса“ М.М.(58) од Битола и С.К.(48) од с.Логоварди, битолско им биле констатирани тешки телесни повреди, додека на двајцата возачи и малолетна сопатничка во возилото „голф“ им биле констатирани телесни повреди, соопшти МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино