Два случаја на вирусот Марбург во Гана, 90 лица во карантин

Во Гана се откриени два случаја на вирусот Марбург, хеморагична треска смртоносна колку и еболата. Овие случаи се првите во земјата, соопштија здравствените власти.
По сомнение за зараза со вирусот Марбург, на 8 јули се земени примероци крв од две лица во регионот Ашанти.
„Ова е првпат Гана да потврди присустно на Марбург вирусот“, се наведува во соопштението на Патрик Кума Абоажје, директор на здравствената служба на Гана.
Сега во карантин се 90 лица, идентификувани како контакти на заразените. Засега, нема заразен меѓу некој од нив.
Здравствените власти тврдат дека прават сè за да го „заштитат здравјето на населението“. Тие ги повикаа „сите“ на соработка, со цел вирусот „успешно да се спречи“.
Вирусот го пренесуваат лилјаци, а меѓу луѓето се шири со директен контакт со телесни течности на заразени или со површини и материјали, појасни Светската здравствена организација.
Во други делови на Африка, досега се откриени епидемии и спорадични случаи, во Јужна Африка, Ангола, Кенија, Уганда, Демократска Република Конго.
Симптомите се појавуваат неочекувано – висока температура, силна главоболка и слабост. Смртната стапка во претходните епидемии беше од 24 до 88 отсто, во зависност од патогеноста на видот и управувањето со кризата, наведува СЗО.
Иако не постојат вакцина и одобрени антивирусни лекови, оралната и интравенската рехидратација и лекување на специфични симптоми ја зголемуваат стапката на преживување.
Ново на Сител
-

По пет години затвор добија тројца турски државјани, кои помагаа во извршување на убиство во Штип
-

Осомничениот за убиството во Старо Нагоричане е во затвор Куманово
-

Тошковски: МВР делува неселективно еднакво спрема сите етникуми и навивачки групи
-

Во првиот месец од примената на „Безбеден град“ до Основниот кривичен суд Скопје поднесени вкупно 476 приговори
-

Одземени шест лиценци на компании за одгледување кабанис, Мицкоски очекува тој број да се зголеми во следниот период
-

МВР: Уапсена Ј.Ѓ. (27) од кривопаланечко, попречувала инспектори на АХВ да одземат крави
-

Мицкоски за Груби: Нема никаква логика да сум се договорил со оние што сакаат да го видат мојот политички крај
-

Мицкоски: За ЕУ нема да водиме мекотелна политика
