Два случаи на семејно насилство вчера во Tетовско
Двајца жители на Тетово на 32 и 68 годишна возраст се приведени во тетовската полиција во текот на вчерашнито ден поради пријави за нив како извршители на семејно насилство во два одвоено случаи, информира СВР Тетово,
Во првиот случај, вчера во 16 часот и 30 минути, 54-годишна жена во СВР Тетово пријавила дека околу 15 часот во нивниот семеен дом во градот физички била нападната од нејзината 28-годишна снаа. Потоа 28 годишната жена била нападната од 32 годишниот сопруг.
– Пријавениот сопруг на 28-годишната тетовка лишен е од слобода и задржан е за целосно расчистување и документирање на случајот, потенцираат од СВР Тетово.
Во полицијата во Тетово за дваесетина минути стигнала уште една пријава.
-Шеесет и тригодишна жителка на тетовско село вчера во 16 часот и 50 минути пријавила дека еден час пред тоа во нивната куќа физички била нападната од нејзиниот 68-годишен сопруг. Тој бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, информираат од СВР Тетово.
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците