Два случаи на новиот коронавирус во Бања Лука

Во Бања Лука се потврдени два случаи на инфекција со новиот коронавирус, потврди министерот за здравство на Република Српска Ален Шераниќ.
Тој информира дека се работи за работник од Италија и неговото дете.
Таткото, кој сам се пријавил за да биде тестиран, и детето имаат благи симптоми и се чувствуваат добро. Мајката е негативна на Ковид-19.
Основното училиште „Бранко Чопиќ“ во кое оди детето денеска е затворено.
Градоначалникот на Бања Лука Игор Радојчиќ изјави дека училиштето е затворено и сите ученици утрово се вратени дома.
За попладне е закажана седница на Градскиот штаб за вонредни состојби.
Директорот на Универзитетскиот клинички центар во Бања Лука, Владо Џајиќ истакна дека медицинската установа има капацитет да реагира во вакви случаи, а в.д. директорот на Институтот за јавно здравје Бранислав Зељковиќ, рече дека нема место за паника, но има причини за претпазливост.
– Опремена е една просторија за тешки пациенти, доколку дојде до тоа, рече Џајиќ.
Зељковиќ информира дека Институтот за јавно здравје, заедно со Здравствениот дом, денеска ќе ги тестираат децата од основното училиште „Бранко Чопиќ“.
Ново на Сител
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
