Два случаи на напад врз полицаец
Полицијата синоќа во 20.30 часот во Ресен ги лишила од слобода А.М.(42) и Ј.Р.(31), двајцата од Ресен, поради тоа што со тврд предмет нападнале полициски службеник.
Како што соопшти МВР, полицаецот во моментот не бил на работа, но претходно, при преземање на службени дејствија, ги затекнал пријавените како вршат кривично дело - нелегален транспорт на дрва.
Во вториот случај, вчера во Тетово малолетник се обидел да прегази полициски службеник.
Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 13.00 часот во тетовско Желино лишиле од слобода малолетник од село Копачиндол, Тетовско и малолетничка од село Добарце, Тетовско поради тоа што околу 12.00 часот во Тетово со патничко возило „бмв“ без регистарски ознаки, кое го управувало малолетникот, не застанале на даден знак за запирање од полициски службеник и се обиделе да го прегазат.
По целосно документирање на случаите ќе следат соодветни поднесоци за лицата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-
Монструозно двојно убиство и самоубиство во Прилеп
-
Нерешени имотно правни работи - најчеста причина за нарушени семејни односи во Македонија
-
СДСМ смета дека граѓаните не се безбедни
-
И по една недела пожарот во с. Николиќ се уште активен
-
Судот утре ќе решава по жалбата на ОЈО за притворот на напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Пуштени за сообраќај 20 километри од автопатот Кичево - Охрид
-
Пожарот кај Николиќ не стивнува, опожарени над 1.000 хектари