Два случаи на „коксаки“ вирус во градинката „Пролет“ во Козле

Од Општина Карпош денеска соопштија дека две деца кои престојуваат во градинката „Пролет“ во населба Козле, се заболени со вирусот „коксаки“.
Откако матичните лекари го дијагностицирале вирусот, родителите на децата ја известиле управата на градинката „Пролет“, која веднаш за случаите го информирала Центарот за јавно здравје - Одделението за епидемиологија.
Од Општина Карпош наведоа дека е извршена дополнителна дезинфекција во групите каде што престојуваат децата, како и во другите простории на објектот.
- Преземени се сите неопходни мерки за вакви случаи. Покрај тоа, превентивно, според протоколот, медицинско лице - специјалист, изврши прегледи и врз останатите деца и е констатирано дека „коксаки“ вирусот не е проширен кај другите дечиња, соопти Општина Карпош.
Престојот во градинката „Пролет“ се одвива без прекин.
Во текот на изминатата недела, Општина Карпош спроведе тековна, пролетна дезинфекција на сите градинки на територија на Општина Карпош.
Ново на Сител
-

Прилеп е избран за регионален лидер во Западен Балкан за селекцијата на отпад
-

Тема на денот со Димитар Димески, историчар
-

Преглед на вестите од светот
-

Од историското наследство до денешните предизвици одбележан 23 Октомври
-

Доделена државната награда „23 Октомври“
-

Цените на енергенсите растат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања
-

Вакцинацијата со БСЖ за новороденчиња против туберкулоза ќе продолжи за 10-тина дена
-

До 2028 треба да се реконструира сала „Македонија“ во Прилеп, за Универзална сала ќе се прави елаборат за статиката
