Два протести во Белград: „Србија против насилството“ и блокада кај Сава Центар
Во Белград денеска се одржаа два протести, едниот во организација на Сојузот на еколошките организации на Србија (СЕОС) со блокада на автопатот и мостот Газела во близина на Сава Центар и вториот седумнаесети протест „Србија против насилството“, јави дописникот на МИА од Белград.
Протест „Србија против насилството“ започна во 19 часот пред зградата на Собранието на Србија, со прошетка и блокада низ централните белградски улици до зградата на РТС и РЕМ.
Граѓаните носеа транспарент на кој пишува „Се по законот!“ и кукли во затворски одела со ликовите на српскиот претседател Александар Вучиќ, министерот Горан Весиќ, директорот на РТС Драган Бујошевиќ, министрите Синиша Мали и Дарија Кисиќ.
На протестот беа претседателот на Демократската партија (ДС) Зоран Лутовац, пратеничката Драгана Ракиќ, лидерот на Еколошкото востание Александар Јовановиќ Чута, лидерот на движењето Срце Здравко Понош, Добрица Веселиновиќ од Клубот на Зелената левица и копретседателот на партијата Заедно Небојша Зеленовиќ.
Вториот протест денеска во организација на активистите на Сојузот на еколошките организации на Србија (СЕОС) започна во 14 часот со блокада на автопатот и мостот Газела во близина на Сава Центар. Активистите бараа да се разгледа народна иницијатива за укинување на Законот за планирање и градење.
Сообраќајот беше прекинат во двата правци, а учесниците на протестот беа засолнети во сенка под мостот, бидејќи температурата на воздухот беше повисока од 40 степени. Сообраќајната полиција ги пренасочуваше возачите кои беа тргнале по автопатот по други патишта и спречуваа создавање на редици.
Ново на Сител
-
Кумановец чувал елени во штала без одобрение и дозвола - Следува кривична пријава
-
Захарова: НАТО се обидува да ја претвори Молдавија во центар за снабдување на Украина со оружје
-
Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор
-
Во несреќата на азербејџанскиот авион во Казахстан загинаа 38 лица
-
Не застанал на полициско предупредување па удрил во полицаец - Уапсен 48 годишен скопјанец
-
Екипите на ДПИ на терен, се вршат контроли на цените на производите
-
Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Кичево - Гостивар, преку Стража
-
Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата