Македонија
5. October 2018 - 10:41

Два пожари во Скопје, гореа куќи, повредени нема

На  улица „Пандо Кљашев“ во Скопје вчера во 06:00 часот настанал пожар во подрумските простории од куќа сопственост на С.М.(80). Со пожарот биле  опожарени само подрумските простории.

Пожарот бил целосно изгаснат во 07:30 часот од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема. Извршен бил увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Вчера во 13:00 часот на улица „Козле 3“ во Скопје настанал пожар во барака сопственост на М.Т.(82).

Екипа од Бригадата за противпожарна заштита го изгаснала пожарот во 13:50 часот. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.