Македонија
4. February 2024 - 11:21

Два полициски пункта за безбедно чествување на роденденот на Делчев

Поради безбедносни протоколи за чествувањето на роденденот на македонскиот великан и револуционер Гоце Делчев, поставени се два пункта за контрола од страна на МВР.

Едниот полициски пункт е на крстосницата кај „Меморијалниот центар на холокаустот“, а другиот кај Мустафа-пашината џамија.