-->
-->
Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека
-->

Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
Тој по брифингот со новинарите изјави дека станува збор за двата антикоагуланси Еноксапарин и Надропарин, кои досега беа на болничката позитивната листа и за домашно лекување граѓаните мораа да користат рефундации.
- Граѓаните веќе не мора да се малтретираат по шалтерите на Фондот за да ги рефундираат средствата за овие листа, ќе има полесен пристап до лековите, а ние ќе имаме помал протисок за работа и ќе можеме да се концентираме на други прашања, рече Клековски.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Осум лица лишени од слобода поради дрога во Скопје, Тетово и Битола
-

43-годишник од с.Шишево пукал во соселанец и го ранил во пределот на главата
-

НАТО разгледува нова воено-финансиска помош за Украина од 70 милијарди евра
-

Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме со реформите и да испорачуваме врз основа на заслуги
-

Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
-

Мбапе: Сонувам да играм против Роналдо и Нејмар на нивното последно Светско првенство
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и адолесценти, услугите ќе бидат достапни преку системот „Мој термин“
-

Лабудовиќ од КОСАП: Балканот мора да стане енергетски коридор на Европа, а не периферија на транзицијата
