Два дена жалост во Тетово поради земјотресот во Албанија

Општина Тетово одлучи да прогласи денови на жалост, како и да одвои средства за хуманитарна помош по повод земјотресот во Албанија. Одлуките се донесоа на вонредна седница на Советот на Општината.
– Прогласени се среда, 27-ми и четврток 28 ноември како денови на жалост во Општина Тетово во знак на солидарност со жртвите од земјотресот во Албанија. Одлучивме и да се одвојат еден милион и петстотини илјади денари како хуманитарна помош. Средствата ќе се донираат за градот Драч и населбата Тумана за справување со последиците од земјотресот. Финансиите се обезбедени од резервниот фонд на Општината, информираше Беким Мемети, претседател на Советот на Општина Тетово.
Општина Тетово организира и собирни пунктови за донација на помош која им е најпотребна на настраданите во најпогодените подрачја од земјотресот. Помошта може да се остави во Противпожарната единица во Тетово на улица „Индустриска“.
– Поради вонредната состојба, првото собирање на донациите ќе започне на 27 ноември 2019 година (среда) до 12 часот и истите веднаш ќе бидат испратени во Албанија. Со собирање на донациите ќе се продолжи и во втората смена и ќе трае до 18 часот, информираат од Општината.
Се формираше и кризен штаб за транспорт на помошта собрана и наменета за погодените области.
Ново на Сител
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
-

Топол бран до средината на следната недела
-

Ким надгледуваше тестирање на оружје
-

Уапсен кочанчанец - возел без возачка дозвола и при преглед на возилото пронајдена е брендирана роба
-

Се зголемува бројот на жртви од земјотресите во Венецуела
-

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава
-

СП 2026: Еквадор ја совлада Германија
