Дурант: Во Бруклин не поминавме доволно време заедно со Харден и Ирвинг
Кошаркарот на Феникс санс, Кевин Дурант одговори на прашањето што му недостасуваше на ѕвезденото трио во Бруклин.
Дурант заедно со Џејмс Харден и Кајри Ирвинг не успеаја да му донесат на Бруклин голем успех иако се очекуваше тоа од нив.
- Сега е бесмислено да се размислува за тоа што би можело да биде. Друго прашање: што се случи? Сметам дека не поминавме доволно време заедно. Тоа е се. Во одреден момент, секој реши да тргне по својот пат. Се трудевме. Сакав да доаѓам на работа, да играм за тимот, да бидам дел од оваа заедница и да го претставувам Бруклин во најдобро светло. Кој сака нека зборува друго. Јас сепак коректно си ја завршив работата, изјави Дурант по победата над својот поранешен тим.
Ноќеска Феникс санс го совлада Бруклин нетс со 136:120. Дурант беше најефикасен на натпреварот со 33 бода.
Ново на Сител
-
30 години Сител со Ирена Петкова - Бонго Бокс
-
30 години Сител со Тошо Филиповски - Досие
-
30 години Сител со Миа Костова, Мартин Трпчевски и Билјана Максимовска - 99 Action
-
30 години Сител со Борче Пауновски и Велика Атанасова - Наша Земја
-
30 години Сител со Весна Петрушевска - Вртелешка
-
30 години Сител со Тања Атанасовска - Бумбар
-
30 години Сител со Бошко Трпевски - Асовите бираат асови
-
30 години Сител со Мелита Ракичевиќ - Пет шоу