Македонија
8. February 2022 - 16:38
Дупките на улицата во Градски парк се уште непоправени
Дупки како кратери го попречуваат нормалното движење на улицата околу арената во градски парк. Возачите едвај се разминуваат бидејќи секој гледа да ги избегне дупките кои им ги оштетуваат автомобилите.
Граѓаните се жалат дека состојбата со улиците генерално е лоша во главниот град. Револтирани се бидејќи ваквите улици можат скапо да ги чинат.
Од општина Центар велат овие дупки биле санирани летото. До сега кај нив не пристигнала ниту една пријава за оштетен автомобил.
Докоолку возачите ги оштетат автомобилите можат да бараат надомест од локалните власти. За да имаат потврда дека штетата настанала од дупка на патот, треба да повикаат полиција која ќе ја констатира состојбата.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
