Дуото Ај-Кју победи на Скопски фестивал

Победник на годинешното издание на фестивалот на забавни мелодии „Скопје 2015“ е групата „Ај Кју“ со песната „Убава“, која доби најмногу гласови од телевоутингот и стручното жири, според евровизискиот принцип на гласање.
Младите изведувачи ја освоија и највисоката парична награда- 600 илјади денари.
Втората награда отиде во рацете на Симона Попоска со песната „Сеедно е“- дело на Горјан Стојановски и Никола Автовски. Освои парична награда од 450 илјади денари.
На третото место се пласира Сара Мејс, со песната „Градина од цреши“, која е нејзино дело. Таа освои парична награда вредна 300 илјади денари.
Наградата за животно дело и придонес во создавањето и афирмирањето на Скопскиот фестивал, а со тоа и на македонската музичка историја, оваа година МРТ му ја додели на композиторот, интерпретатор и музички продуцент, Славе Димитров.
Ново на Сител
-

Потпишан меморандум за соработка
-

Прв академски час на УГД - обpаќање на премиерот до бруцошите
-

Прв академски час на АУЕ-ФОН
-

Прв академски час, но и први студентски предизвици
-

Вештакот на Јованов тврди: „Пулс“ не бил реконструиран, туку само ентериерно уреден
-

Уапсени 20 лица во акцијата во Прилеп
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Филипче: Собранието да го донесе законот за 600 евра минималец
