-->
-->
Думата ќе му го честита 64 роденден на Путин со 450 рози
-->
Пратениците од Думата одлучија да му испратат на рускиот претседател Владимир Путин, кој денеска полни 64 години, кошница со 450 рози, по предлог на пратеничката Валентина Терешкова од Единствена Русија.
- Денеска е роденден на нашиот претседател Валдимир Владимирович Путин. Да го поздравиме од името на пратениците од Думата и да му посакаме успех, нагласи Терешкова во почеток на пленарна седница.
– Тука сме 450 пратеници. Предлогот е да му испратиме 450 рози, продолжи познатат жена космонаут.
Претседателот на парламентот Вјачеслав Володин и заблагодари на Терешкова за иницијативата и ги праша пратениците: - Има ли забелешки?
Никој од пратениците немаше забелешки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола
-
Српскиот патријарх одржа молитва за жртвите во Кочани
-
Трамп им ја укина државната заштита на Камала Харис и на Хилари Клинтон
-
Сончево со умерена облачност, температури до 20 степени
-
Состојба на патиштата
-
Комисијата за буџет на Бундестагот даде зелено светло за помош за Украина во вредност од три милијарди евра
-
Трамп најави производство на борбен авион од шестата генерација Ф-47
-
Зеленски најавува самит на „коалицијата на подготвените“ во Париз