Македонија
25. August 2015 - 8:55

Дуке Бојаџиев ќе настапи пред децата во Детска клиника во Скопје

Македонскиот композитор, продуцент и пијанист Дуке Бојаџиев, денеска  ќе свири пред дечињата згрижени во Детската клиника во Скопје.

Концертот се одржува со поддршка на сопругата на претседателот на Република Македонија Маја Иванова, а идејата за овој негов ангажман, како што вели, се родила при средбата со претседателското семејство летово во Охрид, по што е стапено во контакт со директорката на Клиниката и со помош на Кабинетот на претседателот се договорени деталите. 

Музикотерапијата е составен дел на речиси сите врвни медицински установи во светот и според Бојаџиев таа има се поголема примена во модерната пракса во конвенционалната медицина, а резултатите на светските истражувања покажуваат многу позитивни промени кај пациентите.

Пред дечињата згрижени во Детската клиника во Скопје, Дуке Бојаџиев ќе настапи заедно со Тања Царовска - вокал и Владимир Крстев - виолина, состав со кој настапуваше годинава во Рим, во рамки на одбележувањето на Свети Кирил, а кои беа дел од неговиот тим на концертите одржани летово.