„Дуинг бизнис“: Македонија највисоко рангирана економија во регионот
Македонија е највисоко рангирана економија од регионот, а 12-та глобално рангирана од 189 економии во светот, покажува најновиот извештај „Дуинг бизнис“ на Светска банка.
Во извештајот објавен денеска се наведува дека Македонија се истакнува во неколку области на олеснување во работењето. Глобално земјата е втора најдобро рангирана во областа за започнување бизнис како резултат на поедноставувањето на процедурите преку воспоставување задолжителна онлајн регистрација.
Литванија и Латвија се втора и трета од најдобро рангираните економии од регионот, а глобално рангирани на 20-тото и 22-тото место.
Во извештајот се наведува дека над 90 проценти од економиите во регионот на Европа и Централна Азија имплементирале реформи за подобрување на нивната бизнис клима во текот на изминатата година.
Ново на Сител
-
„Цитроенот” ми беше сомнителен, возеше 10 км на час, многу димеше и стаклата му беа замаглени, сведочеше Траковски
-
Флик: Се стремиме да постигнеме многу голови - тоа е дел од нашиот стил и нашето разбирање за фудбалот
-
Инзаги по поразот од Фиорентина: Заслужено загубивме, одговорноста е моја
-
Над четири килограми дрога лани запленила полицијата на подрачјето на СВР Охрид
-
Леброн Џејмс и Ентони Дејвис повторно ќе бидат соиграчи за Ол-стар натпреварот во НБА
-
Поскапува мазутот, цените на другите горива остануваат непроменети
-
Тошковски: Ќе набавиме тестови за дрога за сообраќајната полиција
-
Приведен велешанец, пронајдени 11 килограми опиум