Македонија
2. May 2022 - 21:11

ДУИ со нов споменик го прослави денот на бранителите од УЧК, Ахмети очекува споменикот да обединува

Поставувањето споменик на УЧК никако не значи зближување, туку напротив, може само дополнително да ја поттикне меѓуетничката нетрпеливост. 

Според експертите, сè уште се свежи спомените од немирите во 2001-та година и мора да се внимава на потезите.

Социологот Ацески смета дека пред да се донесат вакви одлуки, чувствителни за народот, мора да се чуе мислењето на граѓаните и тоа на сите засегнати страни.

Според политикологот Атанасовски, ДУИ мора да промени нешто во политичките потези за да не се зголемува јазот меѓу Македонците и Албанците.

Секој воен конфликт значи човечки и материјални загуби за двете страни и експертите се согласни дека е во ред секој да ги чествува своите херои но, очекуваат одговорни потези со кои нема да се наштети на меѓуетничките односи.