ДУИ победник во места каде што претходно ималa само по 2 гласа
Сомнежи дека гласовите од предвремените парламентарни избори се погрешно впишани или прикажани на страната на Државната изборна комисија се појавија откако во изборни места каде што во 2016 година победник беше СДСМ, сега според резултатите објавени онлајн, водство имаат ДУИ и Алијанса на Албанците, пишува порталот „А1он“.
Станува збор за општини како Карпош и Кисела Вода, во кои избирачки места двете албански партии поединечно во 2016 освоиле најмногу по два гласа.
Според извори на „А1он“, со упад во системот на Државната изборна комисија, погрешно се распределени околу 80 илјади гласови, кои пак, голем дел се одземени од контото на СДСМ. Според првичните неофицијални податоци, во Карпош, на избирачкото место 2643, најмногу гласови освоиле ДУИ или 58.02 проценти, а по нив, Алијанса за Албанците со 31.08 проценти од вкупниот број гласови. На истото избирачко место во 2016 година, 53.15 проценти освоиле СДСМ, а потоа, 38.14 проценти имале ВМРО-ДПМНЕ. Во 2016 година, ДУИ имале 0.30 проценти од гласовите, а Алијанса за Албанците на ова избирачко место имало 0.15 проценти. Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.
Ново на Сител
-
Заврши општата расправа за законот со кој учениците од верските училишта ќе можат да полагаат државна матура и да се запишат на кој било факултет
-
Мицкоски: Пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари
-
Муцунски: Инвестиции, инфраструктура, подобар живот – надворешна политика што носи резултати
-
Социолошки поглед за модерен Центар | Горан Герасимовски | Неформално | Sitel Podcast 105
-
Владата со препорака за работодавачите во врска со топлотниот бран
-
САД по третпат го напуштаат УНЕСКО
-
Три лица се хоспитализирани - изгаснат пожарот што избувна во Кочани | ВИДЕО
-
Кремљ: Не очекуваме напредок во мировните преговори со Украина